Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Каранфилова- Пановска: Власта да ги тргна канџите од судството

Извршната власт , политичките моќници и партии, треба да ги тргнат канџите од судството. Правосудните органи во оваа држава, мора еднаш за секогаш да бидат оставени да работата слободно и да работат независно. Актуелната власт мора да обезбеди услови, да судиите и обвинителите ја вршат својата работа исклучиво согласно законите и исклучиво во интерес на граѓаните. , рече заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова- Пановска во интервју за Телевизија 24 во емисијата 24 Анализа.

– Било каков друг притисок ќе значи упад во овие независни органи. За жал, во изминативе години, од осамостојувањето на Македонија, до денес, нема па и владата на СДСМ, иако спроведе над 20 реформски закони, ни и таа не го постигна посакуваниот резултат, кога станува збор за ефикасност и независност на судството, рече Каранфилова.

Во однос на реформите во судството, таа потенцираше дека она до што СДСМ во моментов стои како реформска рамка која треба да се почитува и која гарантира на некој начин дека може да даде резултати, се препораките кои дојдоа од оценската мисија на којашто ја спроведе европската комисија.

Само и единствено во соработка со она што значат европски институции и со дијалог со сите наши експери и зналци, кои веруваат на темата дека правото и правдата е тоа што е задач и обврска на судиите и обвинителите, само така можеме да направиме чекор напред.

Во однос на давањето на оставка на Весна Дамева како претседателка на судскиот совет, заменик претседателката на СДСМ, Каранфилова- Пановска рече: Самиот чин да излезете пред камерите како претседател на судскиот совет и да дадете оставка со образложение дека ја давате под притисок од страна на премиерот, е скандалозно за едно демократско општество.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК