Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Столтенберг: Украина да се согласи на привремени територијални отстапки

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изрази уверување дека привременото отстапување на територијата на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.

„Потребна ни е линија за прекин на огнот и, се разбира, идеално таа треба да ги покрива сите територии кои Русија во моментов ги контролира, но гледаме дека тоа не е многу реално во блиска иднина. Украина би можела привремено да отстапи дел од своите територии за ова цел“, рече тој.

Столтенберг рече и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени територијални отстапки./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Уште една министерка го напушта Трамп, нејзиниот сопруг вмешан во скандал со сексуално вознемирување

C +

Два земјотреса регистрирани во Словенија

C +

Израелскиот министер за одбрана: Шефот на Хезболах ќе плати со својата глава

C +