Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 206 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 18.11. до 24.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 206 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

65% реализиран проект: Модернизација на пругата во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК