Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина Борјанчо Мицевски, поранешниот градоначалник на Крива Паланка

– Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, поранешниот градоначалник на Крива Паланка, наш соборец и сопартиец, соопшти на социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

– Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа.

Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците.

Нека почива во мир, напиша Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ГИ ПРИСИЛУВАЛА СОПСТВЕНИТЕ ДВЕ ДЕЦА ДА РАБОТАТ И ДА ПИТАЧАТ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 28-годишна мајка од Куманово

ДЕСК

ГРАБЕЖ ВО ВИЗБЕГОВО – Од куќа одземени злато, пари и клучеви, а потоа украдена и „дачиа“ на МЕПСО

ДЕСК

ПИШТОЛ „ЦРВЕНА ЗАСТАВА“, ДВЕ РАМКИ И КУРШУМИ ВО „АУДИ“ – Кривична пријава против 22-годишник од Скопје

ДЕСК