СВР Скопје поднесе кривична пријава против 22-годишен жител на Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 05.11.2026 во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „ауди“, кое го управувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена Застава“, две рамки и куршуми.


