14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Именувањето на Шекеринска е потврда дека СДСМ секогаш е на вистинската страна

Именувањето на Радмила Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО беше еден од сегментите за кои зборуваше лидерот на СДСМ Венко Филипче, на 30. Конгрес на партијата.

„СДСМ е особено горд што Радмила Шекеринска ја доби честа да биде првата дама од Балканот која ќе ја извршува должноста втор човек на НАТО. Радмила е симбол на интелигенцијата, политичката мудрост и визионерството кое го краси СДСМ од неговото основање. Нејзиното именување за Заменик Генерален Секретар на НАТО е уште една потврда дека СДСМ е секогаш на вистинската страна на историјата, носејќи го товарот на најважните историски одлуки за иднината на Македонија. Ова е и потврда за македонскиот национален идентитет кој само ќе јакне и ќе се етаблира во светски рамки“ порача Филипче.