Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Соопштение на СДСМ:

СДСМ најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски. Бараме МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.

Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого.

Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците. Во изминатиот период имаше серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.

Мора да има одговорност. Неприфатливо е ова насилство кое почнува да царува низ улиците само заради неспособноста на МВР да ја гарантира безбедноста на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +