Centar.mk
Screenshot
вестМАКЕДОНИЈА

Претрес во Непроштено, пронајдено оружје, муниција…

На 22.11.2024 во 16.45 часот полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода едно лице, кај кого, врз основа на судска наредба од Основниот суд Тетово, во времето од 12 до 16.45 часот, полициски службеници извршиле претреси во неговиот дом и помошните простории, како и во уште една куќа во селото која е во негова сопственост.

При претресите пронајдени се ловна пушка (карабин), 14 парчиња муниција за карабин, дробилка, два оптички нишани, поголема количина на куршуми, чаури и проектили од куршуми од разни калибри, една кеса со барут, една шок бомба, една воздушка пушка „гамо“ со вградена оптика, пиштол „глок“ калибар 9 мм, две рамки со по 10 куршуми и други предмети. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ЗУЛУМ ВРЗ СЕДУМДЕСЕТГОДИШНИК: Четворица осомничени за разбојништво во Струмица

ДЕСК

Николоски:  Преку 350 милиони евра Владата инвестира во инфраструктурни проекти во општините, дополнително преку Светска банка инвестираме 25 милиони евра во изградба и рехабилитација на преку 100 километри локални улици низ општините

ДЕСК

СДСМ утре ја промовира „Скопска иницијатива“ на меѓународна конференција

ДЕСК