13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Никогаш нема да прифатам и да подлегнам на оние кои потајно сакаат СДСМ да не го биде, кои шират дефетизам и го парализираат опозициското делување, рече во денешното обраќање на Конгресот, лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

„Оваа партија не е ничија лична сопственост. Ниту на Бранко, ниту на Заев, ниту на Владо, Радмила, Димитар, а најмалку моја! Секој од нив низ годините ја носеше тежината на времето и одлуките, но и гордоста на партијата. Затоа СДСМ не смее и нема никого да заборави. Како лидер секогаш ќе подадам рака, ќе отворам врата за сите кои и мислат искрено добро на партијата. Ќе соработувам со сите за да се спротиставиме на лошите политики на власта“ порача Филипче.

Тој додаде дека во изминатите пет месеци откако е на функцијата се сретнал со многу членови слушнал многу совети и критики кои ги гледа како водилка за идното партиско раководство.

„Поминаа пет месеци откако бев избран за Претседател на СДСМ. Имав прилика да се уверам дека да се води оваа државотворна партија е потешко и од најсложените неврохируршки операции. Се сретнав со стотици луѓе. Членови, поранешни функционери, општествено активни луѓе, меѓу кои и лица кои никогаш претходно не стапнале во политичка партија. Внимателно слушав секој од нив, педантно ги забележав сите нивни аргументи, забелешки, критики. СДСМ нема да се откаже, тоа треба на сите да им биде јасно. Напротив! СДСМ ќе го биде и СДСМ ќе се врати посилен“ порача Филипче.