Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

СНЕГ ЌЕ ТРУПА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво ќе биде времето?

Претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h), врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, потоа особено во западните делови повремен снег ќе има и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: претежно облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, повремено пообилни. Преку денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во текот на ноќта ќе дува засилен северен ветер и ќе има услови во повисоките делови од котлината врнежите од дожд да преминат во снег со слаб интензитет. T= 12 °C, P= 966 hPa, U= 65 %, V= 6 m/s.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +