14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Ралица Губерова, Претседател на Групација на осигурување при Стопанската комора: Осигурувањето е силна поддршка на секој бизнис

“Да се поседува полиса за осигурување треба да биде еден од приоритетите на секоја одговорна компанија која сака да остварува долгорочен развој и која е одговорна во работењето како кон своите партнери, така и кон своите вработени и локалната заедница. Осигурувањето не е трошок, туку инвестиција во сигурност и стабилност во работењето, потреба која овозможува непречен раст и развој на компаниите во услови кога ќе настанат непланирани штети и несакани случувања кои можат значајно да го погодат бизнисот” смета Ралица Губерова, Претседател на Групацијата на осигурувањето при Стопанската комора на Северна Македонија.

Осигурувањето е исклучително важен фактор и за развој на економијата и за позитивните општествените текови во земјата. Ги заштитува граѓаните, односно нивното здравје, живот и имот, државниот имот и бизнис секторот од немили настани, и претставува реална потреба која дава сигурност во работите кои се наши, за кои се грижиме и кои ни се важни во животот, секогаш кога тоа ни е најпотребно. Осигурувањето посебно дојде до израз во последните неколку години кога научивме дека сигурноста, како финансиската, така и физичката, не е гарантирана за никого. Дека треба да се однесуваме одговорно кон бизнисите кои ги управуваме и кон нашите вработени, а тоа на долг рок можеме да го постигнеме со осигурувањето, додава Губерова.

На бизнисите им е потребно осигурување за да се заштитат од различни ризици во работењето и спроведување на дејноста во која работат, а тука особено заштита на имотот, финансиски загуби, како и заштита на здравјето на своите вработени. Осигурувањето исто така ја штити и одговорноста од вршење на дејноста на компанијата, овозможувајќи и на компанијата фокус во градењето на бизнисот и унапредување во работењето.

Осигурувањето е од суштинско значење без разлика дали се работи за мал или голем бизнис, без разлика на секторот и дејноста на компанијата, при што постои палета на осигурителни продукти кои ги покриваат различните ризици со кои се соочуваат бизнисите и индустриите.

Осигурителните компании во земјава вршат детални консултации и даваат совети прилагодени на потребите на вашиот бизнис.

Следствено на наведеното, осигурувањето претставува добра бизнис одлука, а не само уште еден трошок.