14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Талески до Сања Божиновска: Кога ќе го вратите долгот од 1 милион евра?

Пратеничко прашање на Миле Талески од СДСМ – ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ:

Талески до Сања Божиновска: Кога ќе го вратите долгот од 1 милион евра?

На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот на СДСМ, Миле Талески ја праша министерката Сања Божиновска кога ќе го врати долгот од 1 милион евра којшто го направила фирма каде што била основач и еден од управителите.

Во прилог интегрален текст од пратеничкото прашање:

„Важите за близок човек на премиерот Христијан Мицкоски. Ви направи посебно министерство за енергетика и ве постави за министерка. За многу кратко време слободно може да кажеме дека голем број на скандали се поврзуваат со вас и во вашето министерство.

Додека нема ниту едена добра вест во енерегтиката и граѓаните не знаат што воопшто работите и дали нешто работите.

За сите овие скандали нема соодветни одговори во јавноста досега и затоа овде, пред граѓаните, пред народните избраници имате должност да одговорите во целост.

Одиме по ред,

Компанијата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, е фирма чиј основач и еден од управителите сте биле токму вие госпоѓо Божиновска.

Е сега во период од 2016 до 2017 година токму оваа фирма направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната МЕПСО.

Над 70% од вкупниот долг на МЕПСО во тоа време го направила вашата фирма. А тоа е пред промена на власта.

Долгот е за неплатена електрична енергија и до крајот на 2017 година достигнал 59 милиони денари или скоро 1 милион евра.

Тој долг од 1 милион евра според нашите информации никогаш не е наплатен досега.

Иако, по одредено време, МЕПСО покренува постапка за наплата на долгот и иницира тужба против фирмата.

Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должена на МЕПСО. Значи цели две и пол години вие сте немале никаков абер од плаќање на долгот за струја.

Народот да плаќа, фирмите да плаќаат, само вие да не плаќате.

Со наталожен долг кон државата, го менувате името на фирмата која прераснува во друг субјект. Наместо „ЕНГ Сервис Трејд“ потоа се вика „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“.

Веќе во 2022 година, оваа фирма „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“ работи со загуби и станува деловно неактивна. Причина за бришењето е поради тоа што не поднела годишна даночна пријава.

Но што е со долгот од 1 милин евра?

Според информациите коишто ние располагаме никогаш не сте го платиле долгот.

Затоа и молчите и бегате од јавноста.

Епа сега нема каде да багета, еве сме тука, пред јавноста, пред граѓаните, пред народните избраници.

Станува збор 1 милион евра пари на граѓаните.

Знаете што се може да се направи со 1 милион евра?

Едно училиште за 500 ученици чини околу 1 милион евра.

Или на пример во енергетиката, државата зеде инвестициски гранд во вредност од над 1.5 милиони евра од Европската банка за поддршка на финансирање на Фотонапонска електрана Осломеј од 10 MW.

Вие знам дека знаете колку се 1 милион евра.

Според вашиот анкетен лист, вие поседувате недвижнини од речиси еден милион евра, онолку колку што таа фирма и должела на државата, на народот.

Многу чудна коинциденција ќе се сложите. Имате имот

Моето конкретно прашање е зошто досега не сте го вратиле овој долг и кога ќе го вратите?

Кога ќе ги вратите 1 милион пари назад кај граѓаните?

Само имајте предвид кога ќе одговарате на прашањата не да се вадите на адвокатите ве молам како што тоа го направивте за вашето чувство. Јасни одговори очекуваме.

Благодарам.”