Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Следејќи ја локацијата на телефонски повик, спасувачите пронајдоа исчезнато лице во Маврово

Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека во 17.58 часот на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за изгубено лице над Галичките терени во Маврово (Општина Маврово – Ростуше).

Од страна на РЦУК Тетово веднаш е остварен контакт со пријавителката како и со ПС Маврово од каде добиле информација дека екипи од ПС Маврово, ПС Ростуше и од Национален парк „Маврово“ се упатени на терен, односно на локацијата каде што е евидентиран последниот телефонски повик од изгубеното лице.

По кратко време, односно околу 18:45 часот во Регионалниот ЦУК Тетово е добиена информација дека лицето е пронајдено и дека е во добра општа состојба./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК