Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ

-Партизацијата којашто Панче Тошковски и ДПМНЕ ја спроведувата во МВР значи шиканирање и отпуштање професионалци на сметка на партиски војници кои работата за партијата а не за државата, соопшти СДСМ.

„Еве ја партизацијата на безбедносните служби на дело. На фотографии од партиски состанок на ДПМНЕ објавени од Јован Јаулевски на Фејсбук јасно се гледа дека учествуваат и двајца полицајци од полициската станица Струга, меѓу нив и Ѓорѓи Стојанов, кандидат за Командир.
Политички активности на полициските службеници се забранети со Закон.

Еве шанса за Тошковски, ајде да видиме дали ќе поднесе иницијтива за нивно сакнционирање.

СДСМ го повикува и Одделот за внатрешната контрола и профеисонални стандарди при МВР да поведе дисциплинска постапка.

Партизацијата на безбедносните институции којашто ја спроведува ДПМНЕ е на директна штета на граѓаните и државата.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во скопско Шишево, еден повреден

ДЕСК

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК