Centar.mk
фото Владина прес служба
МАКЕДОНИЈАвест

Мицкоски од Косово: Договоривме конкретни чекори кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот

Мицкоски од Косово: Договоривме конкретни чекори кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ ОД ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ:

„Почитуван премиер Курти,

Почитувани претставници на медиумите,

Дами и господа,

Драги пријатели,

Со голема чест сум денес тука во Приштина.

Нашата средба беше исклучително продуктивна и исполнета со отворен и искрен дијалог, што е од клучно значење за понатамошното зајакнување на односите помеѓу двете земји.

Разговаравме за широк спектар на прашања од заеднички интерес, вклучувајќи економска соработка, зголемување на трговската размена, инфраструктурни проекти и заеднички напори за обезбедување на регионална стабилност и безбедност.

Договоривме конкретни чекори и иницијативи кои ќе придонесат за подобрување на транспортните и енергетските врски, што ќе има позитивно влијание врз економскиот развој и напредокот на земјите во регионот.

Исто така, посветивме внимание на образованието, културата и младите, со цел да го поттикнеме меѓусебното разбирање и да изградиме посилни врски помеѓу нашите народи.

Веруваме дека инвестирањето во овие области е инвестирање во нашата заедничка иднина.

Дискутиравме и за важноста на евроатлантските интеграции, заедничката посветеност кон европските вредности и стандарди. Убедени сме дека иднината на Западен Балкан е во Европската Унија и НАТО, и дека преку заеднички напори можеме да ги надминеме предизвиците и обезбедиме просперитет и стабилност за нашите граѓани.

Сакам да посочам нешто со кое се согласивме со мојот драг колега. Балканот предолго беше место кое интензивно ги полнеше црните хроники во европската и светската јавност. Предолго регионов потроши време на политички прашања, занемарувајќи ги прашањата од реалниот живот на граѓаните. И граѓаните на Приштина и граѓаните на Скопје или било кои други места од двете држави ги интересира подобар живот, подобар стандард, повисоки критериуми за образование. Да ги потенцираме точките кои нè обединуваат и за кои вреди заеднички да работиме. Време е да ги решаваме економските прашања. Оваа средба е токму од таква природа. Тука сме за подобар живот. Токму тоа беше нашиот мотив да ги потпишавме меморандумите и протоколите.

Првиот за енергетика, развивање на соработка за размена на електрична енергија, гас и останати енергетски потенцијали, вториот, протокол за заеднички граничен премин каде ќе се намали времето на премин на граница и третиот е образованието и соработката во оваа област. Време е да разговараме за иднина, наместо за минато. Граѓаните имаат заеднички проблеми, затоа ќе носиме и заеднички решенија. Имаме заеднички вредности кои ги споделуваме и градиме отворени односи со соседите.

На крајот, сакам искрено да му се заблагодарам на мојот колега и пријател Албин Курти за топлото гостопримство и за успешната и конструктивна средба.

Се радувам на нашата идна соработка и на конкретните резултати кои ќе произлезат од денешните разговори.

Ви благодарам на вниманието“.

Можеби ќе ве интересира

Алиу: Со синдикатите сме на иста страна, заеднички работиме на унапредување на статусот на здравствените работници

ДЕСК

Предлог Законот за Судски совет доставен на мислење на Европската комисија

ДЕСК

Николoски од Министерскиот самит: Вложуваме силни напори да изградиме квалитетна железничка и патна мрежа во Македонија

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.