Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Посебен режим на сообраќај во Скопје на 17.11.2024 (недела)

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека утре 17.11.2024 (недела) со почеток во 16.00 часот, поради одржување на меѓународна ноќна атлетска трка „13 Ноември“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Настанот ќе се одвива со следната траса на движење: од Порта „Македонија“, преку плоштад „Македонија“, по ул.„Никола Вапцаров“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“, до крстосница со ул.„Даме Груев“, полукружно назад по истата улица, во продолжение по ул.„11-ти Октомври“ до крстосница со бул.„Кочо Рацин“, полукружно назад по истата улица, десно по ул.„Филип Втори Македонски“, лево по пристапната улица на ГТЦ и десно до целта кај Порта „Македонија“ во Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Можеби ќе ве интересира

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата заклучно до 05 Јуни 2026 година

ДЕСК

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните

ДЕСК

(ВИДЕО,ФОТО) ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО СЕ ВРАЌА: Водостојот повисок за речиси 1 метар

ДЕСК