13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Директорот на БЈБ Јанев: Безбедноста на граѓаните е наш приоритет

Денеска (16.11.2024) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев заедно со својот тим оствари работна посета на Единицата за интервентна полиција, ЕВР и ПС Ѓорче Петров и ЕВР и ПС Карпош при СВР Скопје за да се информира за состојбата и функционирањето на истите.

При посетите се одржаа работни состаноци со раководствата на кои Директорот Јанев се информираше за тековните активности на овие служби, нивните проблеми, потреби како и предизвиците со кои истите се соочуваат во текот на нивното секојдневно работење

На припадниците на Интервентната полиција им изрази посебна благодарност за нивните досегашни решителни и храбри интервенции во критични и ризични ситуации и ги охрабри силно да продолжат со нивната пожртвувана и посветена работа во превенирање на ризици, брзи, ефикасни и професионални акции со цел намалување на криминалот и осигурување на мирот и безбедноста на граѓаните во градот Скопје. Покрај ова на сите колеги со кои денес се сретна Директорот Јанев им порача да работат со силен интегритет, почит и достоинство.

Како и до сега, во иднина ваквите посети ќе станат редовна пракса, со цел увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото за јавна безбедност. Целта на овие посети и средби е подобрување на условите за работа и создавање на функционална полиција која ќе биде во служба на граѓаните и спроведување на законот кој еднакво важи за сите. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Исклучиво важно е сите полициски службеници да се водат од правилото дека полицијата служи а не владее.