13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Во предложениот Буџет за 2025 година, средствата за поддршка на домашни компании се намалени од 340 милиони денари на само 220 милиони денари, додека истовремено средствата за поддршка на странски компании се зголемени, истакна на денешната комисиска расправа претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Со ова сериозно се загрозуваат домашните компании кои вработуваат повеќе од 80% од работната сила во нашата земја.

„Значи оние кои вработуваат 80% од сите вработени во државата не заслужуваат поддршка, а оние кои го носат профитот надвор, тие заслужуваат поддршка? Знаете ли дека оваа политика на запоставување на домашните компании на сметка на странските донесе огромна сиромаштија и нееднаквост, ниски плати и потценување на домашните компании и работници. Сега ја враќате истата таа политика. Мислите дека е ова фер кон домашните компании? Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во 2025 се враќа, 4 години назад во поддршката на домашните компании“ рече Филипче, претседател на СДСМ.

Оваа политика на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ значи запоставување на домашните компании, а фаворизирање на странските. Филипче истакна дека со ваквиот Буџет не само што ги става домашните компании и работници во незавидна позиција, туку води кон економска нееднаквост, ниски плати и постојана потценета вредност на домашните ресурси. Според претседателот на СДСМ, Буџетот за 2025 година, земјата се враќа на истата неефикасна и несоодветна политика што ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност.
Претседателот на опозицијата смета дека од клучна важност е поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место.