Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија изврши напад врз Украина со крстосувачки ракети и беспилотни летала напаѓајќи го Киев

Во текот на ноќта и утринава Русија ја нападна Украина со стратешки бомбардери, крстосувачки ракети од различен тип и наведувани воздушни бомби, а нешто подоцна следуваше и самоубиствен напад со беспилотно летало, соопштија украинските власти.

Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони „ту-95 мс“ полетале за Украина, пренесува „Укринформ“.

Одбранбените сили на Украина на „Телеграм“ објавија дека до 10 часот денеска собориле два крстосувачки ракети „Х-101“, кои биле лансирани од областа на Каспиското Море, како и две балистички ракети „Искандер-М/КН-23“ лансирани од Воронежскиот регион во Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израел ги засилува нападите врз Либан: Повеќе од 30 загинати и десетици повредени

C +

Руски гувернер: Украина го нападна Севастопол со ракети „Storm Shadow“

C +

Туристка поднела тужба против хотел во Италија: ѝ наплаќале седум евра за вода, а не ѝ давале од чешма – судот пресуди

C +