Centar.mk
БИЗНИС

Победата на Доналд Трамп на изборите во Америка го зајакна доларот во однос на еврото

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во Соединетите Американски Држави го зајакна доларот во однос на заедничката европска валута, а некои аналитичари дури предвидуваат дека еден долар набргу ќе вреди колку едно евро.

Според податоците на берзата, еврото во 12.35 часот се продаваше за 1,07186 долар и падна 1,98 отсто. Трговците со валути се свртуваат кон еврото бидејќи победата на Трамп ги зголемува шансите за агресивно намалување на каматните стапки во еврозоната, промени што водат до паритет меѓу еврото и доларот.

Холандските банки ABN Amro и ING веруваат дека еден долар ќе се продава за цена од едно евро во наредните месеци, а Дојче банк прогнозира дека еврото ќе падне на 1,05 долар до крајот на годината. Ветувањето на Доналд Трамп за воведување дополнителни царини би можело дополнително да ја ослабни европската економија, што би барало Европската централна банка уште повеќе да ја омекне својата монетарна политика, пренесува „Блумберг“.

„Трамп се врати и сите се плашеа од овој момент. Сосема е јасно дека овој исход, во релативна смисла, не е одличен за европските средства“, изјави глобалниот инвестициски директор на швајцарската банкарска групација „Ломбар Одије“, Михаел Штробек, пренесува „Танјуг“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +