14. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Следува значителен пад на температурите – Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

До сабота ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот. Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно и постудено, а во понеделник наместа се очекуваат повремени врнежи.

Прогноза за 08.11.2024
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: 12°C до 20°C

Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб променлив ветер.

Прогноза за 09.11.2024
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 10.11.2024
Минимална температура: -5°C до 4°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.