Centar.mk
Венко Филипче / Фото СДСМ
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: 65% од граѓаните се незадоволни од политиките на владата во делот на економијата

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во одговор на новинарско прашање рече дека 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата во делот на економијата и животниот стандард според теренска анкета на партијата.

-Нашата теренска анкета покажува дека 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата во делот на економијата. Тоа значи дека двајца од тројца испитаници од граѓаните не се задоволни од животниот стандард, од тоа што Албанија не претрка на европскиот пат.
СДСМ е подтовен за какви било избори, тоа што има најава за предвремени избори само 5 месеци по формирањето на Владата е доказ дека на Владата навистина не ѝ оди, додаде тој.

Според Филипче, кокетирањето со ДУИ е порака на Мицкоски до ВЛЕН и до ЗНАМ коишто, како што рече, имаат маргинализирана улога и практично преполовена поддршка.

-Што се однесува на СДСМ, ние сме спремни да одиме на какви било избори, од денеска па натаму. На секој следен циклус на избори ние ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ СМРТНИ СЛУЧАИ ГО ПОТРЕСОА СКОПЈЕ: Починати лица пронајдени под возило, во дом и во хотелска соба

ДЕСК

МИСТЕРИОЗЕН СЛУЧАЈ ВО КУЧКОВО: Починат маж пронајден под возило, телото дадено на обдукција

ДЕСК

ВЕЛОСИПЕДИСТ ПРЕГАЗИЛ ПЕШАК И ТЕШКО ГО ПОВРЕДИЛ, ПА ПОБЕГНАЛ: Хорор на “Партизанска”

ДЕСК