Centar.mk
СВЕТ

На италијанските Алпи загинаа четворица планинари

Четворица планинари загинаа во несреќи на италијанските Алпи во неделата, соопшти планинската спасувачка служба.

Нивните фатален падови се случија во регионите Венето, Трентино и Пиемонт во северна Италија. Загинатите се тројца мажи и една жена.

Спасувачките служби ангажирале хеликоптери и неколку тимови во тие области. Во Рокиамелоне, во регионот Пиемонт, еден човек падна од 400 метри височина. Спасувачките екипи го извлекле неговото тело по комплицирана операција.

Во регионот Трентино, 26-годишен маж загина кога изгубил рамнотежа и паднал на околу 30 метри во провалија, во коритото на реката. Во Венето маж паднал во пукнатина меѓу карпи, а во друга несреќа жена паднала додека се спуштала по планината./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Има повредени во рускиот напад врз Киев

C +

Стотици летови се откажани поради снежната бура што ги зафати Њујорк и Њу Џерси

C +

Се шират снимките од бруталниот напад на Киев, станува сè полошо

C +