Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Георгиевски: Што ќе ни е ЕУ? Хрватска добива неповратен грант од 600 милиони евра, а ние земаме кредит со камати од 500 милиони евра

„Што ќе ни е ЕУ? Сега ќе ви кажам неколку примери. Актуелната Влада позајмува 500 милиони евра и сега ги дели на општините. Неодамна читав еден хрватски портал, точно во исто време кога ние го земавме кредитот ЕУ донесе заклучок дека на хрватските општини ќе им бидат доделени 600 милиони евра грантови за проекти на општините“ рече поранешниот премиер Љубчо Герогиевски во емисијата „Трилинг“.

Тој додаде дека разликата е што Македонија зема кредит за да дава пари на општините, додека земјите во ЕУ добиваат грантови, многу поголеми од тоа што ние може да земеме како кредит.

„Ние земаме кредити за да правиме железници, автопатишта. Во ЕУ земаат грантови за да ги прават истите тие патишта. Нашите земјоделци овде конкурираат за субвенции во Владата, од буџетот. Земјоделците во ЕУ конкурираат во Брисел и тоа пет пати поголеми суми добиваат од ЕУ“ рече Георгиевски.

Тој додаде дека е сосема погрешна ориентацијата на тие што сметаат дека не ни треба ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +