Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лефков: Судскиот совет изврши упад во Академијата за судии и обвинители, во УО назначи свој член и сестра на пратеничката Калевска од СДС

Прес на ВМРО ДПМНЕ:

Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители продолжуваат да преземаат чекори и да делуваат кон намалување на довербата на народот во правосудството.

Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, истиот назначи свој член на таа позиција.

Имено на 24.10.2024 година Судскиот совет ја назначи Антоанета Димовска, која е член на Судскиот совет за член на УО на Академијата.

Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица, и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Важно е да се напомене дека Антоанета Димовска покрај тоа што е именуван функционер е и сестра на пратеничката од СДС Снежана Калевска Ванчева.

Законот е јасен. Антоанета Димовска не може да биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители.

Дали нејзината роднинска врска со пратеник од СДС го мотивирала Судскиот совет да ја назначи за член на УО на Академијата, иако не смеел тоа да го направи?

СДС треба да кажат која е нивната вмешаност во изборот?

Антоанета Димовска треба да си даде оставка од позицијата, а Судскиот совет колективно да ја понесе одговорноста за овој упад во системот.

Можеби ќе ве интересира

НОЕМВРИ НОСИ ТЕМПЕРАТУРИ ДО 23 СТЕПЕНИ, НО И ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч – УХМР најавува затоплување, дожд и силно јужно струење

ДЕСК

КОШТА СО СИЛНА ПОРАКА ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН – Иднината на регионот е во Европската Унија, проширувањето мора да продолжи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ – Не сме песимисти, постојано предлагаме решенија за надминување на пречките кон ЕУ

ДЕСК