Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Студот доаѓа, подгответе се за минусни температури до -6°C – Метеоцентар со детална неколкудневна прогноза

Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени.

Прогноза за 03.11.2024
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 13°C до 20°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.

Прогноза за 04.11.2024
Минимална температура: -2°C до 8°C
Максимална температура: 15°C до 21°C

Наутро постудено со слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 05.11.2024
Минимална температура: -6°C до 3°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Наутро студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК