Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Дурмиши не бил во маркет, граѓаните „заштедиле“ 57 денари за еден месец

Соопштение на СДСМ:

Со голема помпа најавуваната мерка на владата на Мицкоски за замрзнување на цените граѓаните не ја почувствуваа дека воопшто постоеше.

Единствено граѓаните почувствуваа само разочарување. Симболични 57 денари, ете толку била заштедата на граѓаните за еден месец.

Дурмиши очигледно не бил во маркет, не ги видел цените дека нема намалување и дека најголемиот дел од производите останаа со исти цени.

Тоа што само за неколку производи се намалија цените со незначителни суми е најголема потврда за неефикасната мерка, која беше лошо осмислена и им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред да стапи на сила.

Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата на Мицкоски и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден.

Бидејќи власта не планира да преземе конкретни и реални мерки СДСМ ќе поднесе закон за вистинско намалување на цените.

Нема да дозволиме нашите граѓани да бидат жртви на празни ветувања и политички манипулации.

Можеби ќе ве интересира

Панел дискусија во Diamond Mall: Македонското музичко издаваштво има потенцијал, но потребни му се поддршка, инфраструктура и видливост

ДЕСК

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!

ДЕСК

ЛИНК ГО ОСТАВИЛ БЕЗ ИЛЈАДНИЦИ ДЕНАРИ: Четириесет и седумгодишник измамен преку онлајн платформа

ДЕСК