13. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ПРОМОБИЗНИС

Успешно заврши ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: Центар на иновациите и одржливите решенија

Меѓународниот саем за енергетика и технологија – ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, во организација на Скопски Саем, успешно заврши по тридневно изложување на најновите технологии и зелени решенија во Арената „Борис Трајковски“. Саемот ги привлече водечките компании од Македонија и регионот, како и бројни професионалци и посетители заинтересирани за иновации и решенија одобласта на обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и автоматизацијата.

За време на трите дена, на саемската манифестација се претставија повеќе од 30 водечки компании од Македонија и од регионот, кои ги презентираа своите најсовремени производи, технологии и услуги, фокусирани на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, автоматизација и модерни технолошки процеси. Посетителите имаа можност да ги видат најновите достигнувања во енергетиката, машинската индустрија и модерните технолошки процеси, а во рамките на саемот беа одржани панел дискусии и трибини со експерти од областа, кои дискутираа за актуелните трендови и идните насоки во енергетската индустрија.

Саемот за енергетика и технологија претставуваше и единствена можност за деловна посета на компаниите од овие индустрии и размена на идеи и контакти меѓу професионалците, како и проширување на бизнис мрежите во насока на дефинирање на идните технолошки насоки за обликување на индустриите во иднина и придонес кон подобра енергетска иднина.

ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024 финишираше со силна порака за важноста на одржливите навики и поттикнувањето на зелени иновации, кои ќе играат значајна улога во идната енергетска трансформација на државата и регионот. Организаторите се благодарни на сите изложувачи, посетители и партнери за нивната поддршка и со нетрпение го очекуваат следното издание на ЕНЕРГО ТЕХНОМА, кое ќе продолжи да придонесува кон енергетски одржлива иднина.