Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

НОВИ НАЈАВИ НА УХМР, ОД НЕДЕЛА ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИ ЗА 5-8 СТЕПЕНИ: Детална прогноза за следните 4 дена

Продолжува периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по некои котлини. Под влијание на постудена воздушна маса од север во недела ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени. Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата.

Прогноза за 02.11.2024
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 19°C до 26°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец особено изразен преку ноќта кон недела.

Прогноза за 03.11.2024
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Променливо облачно , ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 6 до 8 степени.

Прогноза за 04.11.2024
Минимална температура: -2°C до 8°C
Максимална температура: 15°C до 21°C

Наутро постудено со слаба магла по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Можеби ќе ве интересира

Ако вечерва се наоѓате на патиштата во Македонија, внимавајте на овие критични сообраќајни правци поради одрони, излевање на реки, снег…

ДЕСК

(ФОТО, ВИДЕО) Тешка ноќ за преспани – Се излеа Голема Река кај Ресен, поплави и во неколку села

ДЕСК

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК