30. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Кина испрати нов екипаж во вселената

Кина вчера испрати нов екипаж во својата вселенска станица Тијангонг (Небесна палата) од вселенскиот центар „Џиукван“, кој се наоѓа во северозападниот дел на пустината Гоби.

Ракетата Long March 2F, долга 60 метри и тешка 40 тони, носеше тричлен екипаж во вселенското летало „Шенжу 19“, што значи магичен брод.

Според Кинеската вселенска агенција, командантот Каи Ксуже (48), инженерот Ванг Хаозе (34) и поранешниот воен пилот Сонг Лингдонг (34) треба да ѝ се приклучат на вселенската станица околу шест и пол часа по влегувањето во вселената.

За време на нивниот шестмесечен престој во вселената екипажот ќе спроведе 86 научни и технички експерименти, ќе изврши вселенски прошетки и ќе инсталира заштитни мерки од вселенски отпад на Тијангонг.

Екипажот на вселенското летало „Шенжу 19“ ќе замени тројца членови на мисијата „Шенжу 18“, кои работат на вселенската станица од април. Нивното враќање на Земјата е закажано за 4 ноември./Извор:Makfax