7. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британка ја удрила шефицата со чекан по главата, па ѝ испратила порака на својата пријателка

Вработена во брза помош во Велика Британија е осудена на 20 години затвор откога се обидела да ја убие својата шефица со чекан. Потоа ѝ испратила порака на пријателката: „Упс“.

Стејси Смит чекала пред домот на својата шефица пред да се обиде да ја убие во, како што го опиша полицијата од Манчестер (GMP), „неиспровоцираниот и бесен напад со чекан“.

46-годишната жена била исполнета со бес по долготрајниот спор за работните смени, додаде полицијата.

Смит пристигнала во домот на својата шефица во Дакинфилд, Тејмсајд, во 5.30 часот на 11 ноември минатата година. Таа знаела дека нејзината претпоставена тогаш ќе се подготвува да оди на работа.

Повеќепати ја удирала со чекан по главата и врескала дека ќе ја убие, додала полицијата.

Жртвата добила повреди на главата и си го скршила зглобот додека се обидувала да се одбрани. По нападот, мештаните излегле од своите куќи за да ѝ помогнат.

По обидот за убиство, Смит ѝ испратила порака на пријателката: Јас го направив тоа. Ѝ ја скршив главата. Упс“. Додала и дека ќе побегне во Ливерпул.

Сепак, таа се предала и била уапсена поради сомнение за обид за убиство. Таа е осудена на 20 години затвор./Извор:Makfax