22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Screenshot
СВЕТ

ТЕЖОК УДАР ВРЗ ОРГАНИЗИРАНИОТ КРИМИНАЛ: Повеќе од 100 лица се осудени за дрога за еден ден

Судот во Белгија осуди повеќе од 100 лица во масовно судење за трговија со дрога, кое властите го поздравија како голема победа во борбата против нарко бандите.

Белгија е на првата линија на европската војна против дрогата. Официјални лица рекоа дека повеќе од 100 од најопасните европски криминални мрежи работат во Белгија, а нарко бандите се обвинети за порастот на улични престрелки во Брисел.

Пресудите се резултат на претходното симнување на услугата за шифрирани пораки „Skaj ECC“, која беше широко користена од трговците со дрога.

– Повеќе од 100 лица се осудени денеска за време на масовно судење за трговија со дрога во Брисел – соопшти белгиската федерална полиција.

Вкупно 119 лица се осудени на затворски казни од 14 месеци до 17 години.

Највисоката казна му беше изречена на Алжирец идентификуван од властите како Абделвахаб Герни, кој беше осуден на 17 години затвор. Албанецот Еридан Муњоз-Гереро е осуден на 14 години затвор.

– Ова претставува вистинска пресвртница во борбата против организираниот криминал и криминалот поврзан со дрога – рече белгиската министерка за внатрешни работи Анели Верлинден, коментирајќи ги пресудите.

Американското Федерално истражно биро ФБИ и австралиските и европските агенции за спроведување на законот презедоа остри мерки против услугата за пораки Sky ECC во 2021 година.

Европол тогаш рече дека операцијата „даде непроценлив увид во стотиците милиони пораки разменети од криминалци“.