Centar.mk
СВЕТ

Жестоки израелски удари врз Газа, во еден напад загинаа 55 лица

Во напад врз станбена зграда денеска израелската армија убила најмалку 55 Палестинци и ранила десетици во градот Беит Лахија на северот од Газа, соопшти палестинската служба за цивилна итна помош.

Многу цивили се затрупани под урнатините, соопштија официјални лица.

Израел не ги прекинува нападите врз Хамас

Официјалната палестинска новинска агенција ВАФА и медиумите на Хамас ги објавија истите бројки. Многу од загинатите во израелскиот напад се жени и деца, објави ВАФА.

Палестинската служба за итни случаи објави во понеделникот дека речиси 100.000 луѓе во Џабалија, Беит Лахиа и во Беит Ханун се без лекови и храна.

Службите за итни случаи соопштија дека нивните операции биле прекинати поради тринеделната офанзива на Израел на северот на Газа за која Израел рече дека ги збришала борбените сили на Хамас во едногодишната војна.

Израел рече дека нападот бил со цел да се спречи Хамас да се прегрупира./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК