Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

УХМР со нови најави за времето, синоптичарите објавија долгорочна прогноза

Утре наместа ќе има зголемена облачност со услови за слаб локален дожд. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури ќе бидат пониски.

Прогноза за 31.10.2024
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 01.11.2024
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 18°C до 23°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Прогноза за 02.11.2024
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 19°C до 25°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК