Centar.mk
ЛОКАЛНО

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје спроведува активности за чистење и уредување на Старата скопска чаршија

Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за чистење на Старата скопска чаршија. Во рамките на активностите беше извршено и рачно метење и чистење на пешачкиот мост лоциран на самиот влез на Чаршијата (поранешна Стоковна куќа „Мост“), каде што се подигнати и приближно два кубни метра непрописно одложен отпад.

ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжи да спроведува засилени активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на Старата скопска чаршија, којашто претставува една од најпосетените туристички атракции на градот Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Завршија градежните работи на централната кујна при ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

ДЕСК

БРТ конечно ќе го биде: Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски оствари работна средба со проектантите на БРТ (Bus Rapid Transit) системот

ДЕСК

Општина Центар ја спроведе пролетната дератизација, опфатени 2 000 шахти на целата територија

ДЕСК