Centar.mk
СВЕТ

Гутереш: Нема алтернатива за агенцијата која им помага на палестинските бегалци

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека спроведувањето на законот со кој ќе се забрани на агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, УНРВА, да дејствува во Израел, може да има катастрофални последици за палестинските бегалци на окупираната палестинска територија, што е неприфатливо.

„Нема алтернатива за УНРВА. Спроведувањето на овие закони би било штетно за решавањето на израелско-палестинскиот конфликт и за мирот и безбедноста во целиот регион. Како што реков претходно, УНРВА е незаменлива“, се вели во изјавата на Гутереш. .

Генералниот секретар на ОН додаде дека на дневен ред на Генералното собрание на ОН ќе го стави прашањето за активностите на УНРВА.

Во понеделникот, израелскиот парламент усвои закон со кој се забранува на агенцијата за помош на ОН за палестинските бегалци, УНРВА, да дејствува во земјата, што исто така може да влијае на нејзините операции во Газа разурната од војна. Предлагачите на законот ја наведуваат вмешаноста на некои вработени во УНРВА во нападот врз Израел на 7 октомври минатата година и нивното членство во Хамас и други вооружени групи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

C +

Иран тврди дека врховниот лидер Хамнеи е добро и ја контролира ситуацијата

C +

Украинец во Риека со измама зел речиси 100.000 евра од тројца пензионери со приказна за итна операција

C +