Centar.mk
ЛОКАЛНО

Во текот на викендот отстранети диви депонии во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 115 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба и Ѓорче Петров.

Активностите се одвиваа на улицата Перо Наков во општината Гази Баба, каде што се отстранети 70 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад, како и на улиците Никола Парапунов во општината Карпош и Христо Батанџиев во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати вкупно 25 кубни метри отпад од диви депонии.
Подигнати се и 20 кубни метри претежно градежен како и мешан комунален отпад од дива депонија лоцирана на Кејот „13 Ноември“, во непосредна близина на Народната банка.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

65% реализиран проект: Модернизација на пругата во Скопје

ДЕСК

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

ДЕСК