Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: ЈО да отвори истрага за незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ

Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите кои токму законите ги предвидуваат, велат од СДСМ.

„Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност.

Наместо веднаш да го разреши Мицкоски по секоја цена го брани ова незаконско поставување. Владата на Мицкоски и ДПМНЕ покажува дека за неа не постои ниту право ниту правна држава.

Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот.

Христовски не ги исполнува условите и треба да поднесе оставка од функцијата директор на АНБ а потоа да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот.

Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +