Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Бране Петрушевски: За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни

– За еден месец трошоците за храна и пијалоци намалени за 5%, мерките на владата се ефективни.

Владината мерка за намалување на цените резултираше со намалување од 5% на трошоцитр за храна и пијалоци од синдикалната кошничка, односно 1000 денари.

Синдикалната кошничка во делот на храна и пијалоци опфаќа 43 производи, а владата ги намали цените на 73, што значи дрка реалното намалување се движи и до 1500 денари, т.е. над 5%, рече денеска на прес конференција пратеникот на ВМРО ДПМНЕ – Бране Петрушевски.

– На годишно ниво тоа се и до 18.000 денари заштедени во буџетот на едно домаќинство.

Владата останува посветена на зачувување на животниот стандард на граѓаните.

Покрај намалување на цените, растат пензиите и платите.

СДС додека беа на власт животниот стандард паѓаше. Неспособноста заврши со нив, рече Петрушевски.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК