Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Уживајте во дневни пролетни температури уште малку – Следува промена на времето, Метеоцентар ја објави 4 дневната прогноза

Ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.

До средината на неделата ќе се задржи сончево преку денот и релативно топло за овој дел од годината. Во среда ќе има преодна зголемена облачност проследена со појава на повремен дожд, а дневната температура малку ќе опадне.

Прогноза за 29.10.2024
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 21°C до 27°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 30.10.2024
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 19°C до 24°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Прогноза за 31.10.2024
Минимална температура: 1°C до 8°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК