12. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
БИЗНИС

УЈП: Размената на податоци со Централниот регистар е клучна за бизнис опкружувањето

Долги години наназад постапката за регистрација на даночен обврзник и доделување на даночен идентификационен број е дел од постапката за регистрација на трговско друштво во Трговскиот регистар – едношалтерски систем, што овозможи скратување на времето за регистрација и отпочнување на бизнис, велат од Управата за јавни приходи.

На неодамнешниот, работен состанок помеѓу директорките на УЈП Елена Петрова и Анита Стамнова и претставници од двете институции се разледаа и разговараа можностите за понатамошно поедноставување на постапките и унапредување на сервисите за размена на податоци и документи, особено: во рамки на новиот Регистар на иматели на сметки кој ќе го води Централниот регистар, за запишување на странци како основачи и управители на компании во Централниот регистар, доставување по службена должност на уверенија за платени даноци од УЈП во постапка за пренос на удел во Централен регистар, бришење на неактивни субјекти по службена должност во Централен регистар по претходна проверка во Управата за јавни приходи.

Од УЈП велат дека двете институции се посветени на унапредување на процесите и системите со цел поефикасно извршување на своите надлежности и подобра клима за работа на компаниите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите

C +

Трамп ја повикува ЕУ да изврши притисок врз Путин со 100 проценти царини врз Кина и Индија

C +

На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин

C +