Centar.mk
Screenshot
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Загина пешак

На 26 октомври 2024 година, во 19 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје-ХЕЦ Козјак со улица „1“ во село Батинци, скопско, се случила тешка сообраќајна несреќа. Возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице (33) од село Цветово, удрило во пешакот Ф.И. (83) од Батинци.

Во несреќата, пешакот Ф.И. им подлегнал на повредите, а смртта била констатирана од лекар на Итната медицинска помош. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Возачот се здобил со телесни повреди и е хоспитализиран во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. На местото на несреќата бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +