Centar.mk
СВЕТ

Проруската партија победи на изборите во Грузија

Владејачката партија Грузиски сон победи на изборите.

Партијата којашто опозицијата го обвинува за проруски наратив, освои 53 отсто од гласовите наспроти 38,28 за блокот од четири проевропски партии, објави синоќа изборната комисија.

„Како што покажаа резултатите објавени од Централната изборна комисија, Грузискиот сон освои солидно мнозинство во новиот парламент, изјави за новинарите извршниот секретар на партијата Мамука Мдинарадзе.

Првиот странски лидер кој реагираше на изборните резултати беше унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој ја поздрави големата победа на владејачката партија.

Брисел предупреди дека од исходот на овие избори ќе зависат шансите таа поранешна советска република на Кавказ со околу четири милиони жители ќе се приближи до ЕУ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МААЕ повика на воздржаност по нападите врз ирански нуклеарен објект

C +

Обединетите Арапски Емирати пресретнаа ирански балистички ракети и дронови

C +

Нападите врз Иран ќе ескалираат оваа недела, кажа израелскиот министер за одбрана

C +