Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Локализиран пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње

Локализиран е пожарот кај село Урвич во Општина Боговиње, соопшти вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Се работи за пожар покрај патот кон село Урвич во Општина Боговиње. Пожарот е изгаснат од страната на патот, но е активен под патот каде што има голема провалија и не е пристапно. Гори претежно ѓубре, но и мал дел сува трева. Во близина нема куќи и објекти, стои во соопштението.

Пожарот, кој во 17:22 часот бил пријавен преку бројот за итни случаи 112, е локализиран од екипа од ТППЕ Тетово. ЦУК посочува дека дежурната екипа од ТППЕ Тетово се повлекува од терен. Во текот на ноќта со падот на температурата се очекува пожарот да се самоизгасне, а доколку биде активен ќе се интервенира утре рано.

За пожарот е известен и Националниот парк „Шар Планина“ кој, како што се наведува, ќе испрати свои вработени на местото и ќе информира за состојбата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +