13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце, не знае како да се извади што помилуваа нарко босови

– Комичните изјави на Христијан Мицкоски во стилот „јас не сум од тука“ се показател дека власта е фатена жива како помолува нарко босови и не знае како да се извади за огромниот скандал, реагира СДСМ.

– Одлуката за помилување криминалци и нарко босови од кланот Барон е донесена и потпишана лично од претседателката Сиљановска Давкова, на предлог на Комисија којашто самата си ја избрала.

По жестоките реакции на јавноста власта се загуби и не знае како да го покрие овој скандал па гледаме фарса и театрални потези, велат од СДСМ.

– Во стилот „не е знајала“ Силјановска прво се обиде да ја префрли вината на Комисија. Откако тоа не помина власта го уапси Акиф Равмановски обидувајќи се да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука.

Фарсата кулминираше денеска со комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце.

Нема бегање, се е јасно, ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури.

Наместо да се прави дека не е тука Мицкоски да одговори дали тој го нарача помилувањето? Кој ќе понесе одговорност за овој скандал?, прашаа од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.