17. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради војната од Либан во Сирија избегале повеќе од 500.000 луѓе

Повеќе од 500.000 луѓе преминале од Либан во Сирија откако во земјата се судрија милитантното движење Хезболах и Израел, соопшти синоќа комитетот за управување со кризи на либанската влада.

– Од 23 септември до 25 октомври 348.237 државјани на Сирија и 156.505 државјани на Либан преминале на сириска територија, се вели во соопштението на Комитетот.

Прекуграничниот конфликт меѓу Израел и проиранскиот милитантен Хезболах, кој дејствува од територијата на Либан, почна во октомври минатата година, веднаш откако палестинската терористичка организација Хамас ја нападна еврејската држава и уби околу 1.200 луѓе.

Поради војната во Сирија, голем број бегалци од таа земја дојдоа во Либан по 2015 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Официјалната истрага покажа дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

C +

Италијанец се преправал дека е слеп 50 години, ја измамил државата за повеќе од еден милион евра

C +

Израел ќе го отвори главниот граничен премин Рафа

C +