Германија вчера ја потресе трагична сообраќајна несреќа. Пешак и нејзините два сина биле удрени од автомобил во Еслинген кај Штутгарт, а сите тројца загинале на местото на несреќата. Истрагата е во тек, а полицијата интензивно трага по сведоци на трагедијата.
39-годишна жена и нејзините два сина на возраст од шест и три години загинаа кога автомобил удрил во нив на тротоарот во Еслинген покрај реката Некар, откако 54-годишниот возач од непозната причина излетал од патот и ги прегазил.
Во моментот на несреќата возачот удрил и во друго возило, чиј возач исто така бил пренесен во болница.
По наредба на државното правобранителство во Штутгарт, ангажиран е вештак за расветлување на околностите и причината за несреќата. „Засега нема индикации за намерно дело“, изјави портпаролот на полицијата.
Локалната заедница ја потресе трагедијата, а очевидци велат дека полицајците плачеле кога ги виделе сцените од оваа трагедија.
На местото на настанот, покрај бројните полицајци, пожарникари и итните служби, имало и неколку стручни лица за итна психосоцијална помош, кои им пружиле поддршка на сведоците и членовите на семејството.
Истрагата треба да даде одговори на прашањето зошто се случила несреќата./Извор:Makfax