Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

МВР го потврди апсењето на А.Р. кој беше помилуван од Силјановска

Денеска (24.10.2024) во Скопје полициски службеници од СВР Скопје, го лишија од слобода А.Р. (29) од с.Арачиново во врска со кривично правен настан случен на 14.10.2024 на територија на Чаир, каде што од огнено оружје бил повреден Е.А. (35) од Скопје.

По преземени мерки и активности и изготвените вештачења од страна на Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека сторител е А.Р. и од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје денеска (24.10.2024) поднесена е кривична пријава по брза постапка против А.Р. за кривично дело „убиство”, предвидено и казниво по член 123 во врска со член 19 од КЗ на РСМ.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК