Centar.mk
СВЕТ

Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС

Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.

Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Повлечено предупредувањето за цунами по земјотресот на Филипините

C +

Министерот за одбрана на САД: Голем договор со Иран е блиску

C +

Каја Калас: На Блискиот Исток не му е потребна ескалација

C +