Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Делегација на МВР на Саем на одбрана и безбедност во Турција: Со напредни технологии за ефикасна борба со криминалот

Делегација на министерството за внатрешни работи деновиве предводена од заменикот министер за внатрешни работи Астрит Исени и помошникот министер за односи со јавност Мухамед Исмаиљи е во посета на реномираниот Саем за одбрана, авијација и вселенска индустрија „САХА Експо 2024“ во Истанбул.

Во рамките на саемот, делегацијата на МВР ќе оствари работни средби со претставници на познати турски компании со наменско производство од областа на одбраната и безбедноста и ќе се запознае со најновите технолошки достигнувања на полето на безбедноста и одбраната.

Стратешка определба на новото раководство на министерството е унапредување на процесите како дигитализација на македонската полиција и услугите кои МВР ги нуди кон граѓаните и унапредување на техничко-технолошката опременост со најновите достигнувања во индустријата со цел поефикасна борба со сите видови криминал и унапредување на безбедноста на сите граѓани.

На саемот присуствува и делегација од министерството за одбрана предводена од министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со Началникот на генералштабот Сашко Лафчиски.

Можеби ќе ве интересира

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК

Силно невреме проследено со град на автопатот Скопје – Тетово, невреме и во други делови на Македонија: Каде е најкритично?

ДЕСК

ТЕЖОК СЛУЧАЈ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ: Во дом пронајдена почината педесет и деветгодишна жена

ДЕСК